Медиасет.мк

Медиасет

„Епа претреавте, на вашата трка во Кочани ќе ви се деси протест“, македонските автомобилисти гневни што Бугарин ќе на претставува Македонија

Иван Влачков, истакнатиот седумкратен првак на Бугарија во автомобилизам на кружни патеки, ќе ги претставува боите на Македонија во претстојните натпреварувања. Ова наиде на жесток отпор од македонските автомобилисти. Клубот „Custom car racing“ отворено и најави на Федерацијата на автомобилисти дека ќе има протест во Кочани. Според нив, се запустуваат македонските возачи, и наместо да се вложува во нив, се вложува во странци.

„Дали по сите глупости што во изминативе години секретарот на Автомобилистичка федерација ги направи со згаснување на mакедонски деца шампиони и носење на чело на федерацијата председател Хрват ни требаа да величиме и спасуваме bугарски возачи епа претеравте затоа на вашата трка во Кочани ке ви се деси протест и тоа таков како што не сте виделе !!!!!!  Се гледаме во Кочани“, напшаа тие.

Протестот го поддржа и Бранко Кипровски, наш тркач со бројни победи, кој последно во Англија, победи во многу важен куп во автомобилската спорт, „Фокус Купот“.

Оваа промена на националноста за натпреварување доаѓа како резултат на кавгата меѓу двете автомобилистички федерации во Бугарија, кои не успеаја да се договорат околу правото на издавање лиценци за меѓународни трки.

Инаку, Бугарија има две автомобилски федерации – Бугарската федерација за автомобилски спортови која нема право да издава меѓународни лиценци, и Автомобилистичката федерација на Бугарија која има право да издава лиценци, но од натпреварувачите бара 1.200 лева за таа услуга.

Влачков, кој е познат по својата страст кон трките и непоколебливата посветеност кон спортот, изрази разочарување од ситуацијата, но исто така и возбуда за новите можности што му се отвораат со претставувањето на Македонија.

На почеток
error: