Медиасет.мк

#ТРЕНД

Ќерката на шпанската легенда Пау Гасол крстена во чест на големиот Коби

Еден од најдобрите шпански кошаркари во историјата, легендарниот центар на ЛА Лејкерс, Пау Гасол го прослави раѓањето на своето прво дете. Ќеркичката на славниот центар го доби името Елизабет Џана Гасол.

Средното име Џана е чест на ќерката на трагично загинатиот голем пријател на Пау, легендарниот Коби Брајант, која заедно со својот славен татко загина во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес на почетокот од 2020 годинава.

„Елизабет Џана Гасол. Име со посебно значење за нашата прекрасна ќерка“, објави Гасол на својот профил на социјалните мрежи.

Шпанскиот центар беше еден од најблиските пријатели на Коби Брајант.

На почеток
error: