Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Филипче: Масовна вакцинација се планира во повеќе градови

Медиасет.мк
пред 5 години
vakcinacija-66

Министерот за здравство Венко Филипче за периодот кој следува најави масовна вакцинација на повеќе локации низ државата, онаква каква што во моментов се спроведува во А1 Арената Борис Трајковски и во Здравствените домови кои имаат кадрови капацитети за да го изменаџираат овој процес. Со ова се планира значително да се интензивира процесот на имунизација во моментот кога ќе пристигнат поголемите количини на вакцини, во периодот кој следува.

„ Во овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на салата Борис Трајковски, а тоа ќе бидат градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово покривајќи соодветни региони околу овие Здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар“ рече Филипче.

Во однос на вакцинацијата во А1 Арената Борис Трајковски од утре се очекува да продолжи процесот на имунизација со трите типа на вакцини -на „Астра зенека“, „спутник В“ и кинеските од производителот „Синофарм“ со вакцинација на граѓани на возраст од 73 и 74 години. Пријавени се околу 5000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани, а како стигнуваат следните количини вакцини така ќе се надоврзат на процесот на вакцинација соодветно на возрасната граница.

Што се однесува до динамиката на испорака на вакцините, Филипче нагласи дека на 19ти и на 26ти април од компанијата „Фајзер“ има најава дека ќе испорачаат по 10.000 вакцини кои Владата ги купила преку директни прегвори со производителот.

„ Наскоро, по завршување со административниот дел во Кина се очекува да добиеме и податок за точниот датум кога ќе бидат испорачани овие дози од 200.000 вакцини. Јас имав средба со кинескиот амбасадор, очекувам да преземе обврска да направи што може, вчера имаше некое поместување добив информации дека тој административен дел таму во Кина се забрзал. Очекуваме информација и од руската амбасада за дополнителни количини на вакцината „Спутник В“. Повторно би требало 76.000 дози на „Астра зенека“ да стигнат до крајот на месецот за што утрово разговарав со претставничката на СЗО. Она што значеше помош преку трилатералните договори од ЕУ што ги најавија за месец април очигледно ќе се поместат според последните најави од утрово е дека ќе пристигнат во првата недела на мај. Тоа се засега информациите, како вакцините ќе пристигнуваат од кои најголема количина наеднаш очекуваме да стигне од Кина. 200.000 вакцини ќе бидат распределени по овој систем на вакцинација кој веќе се спроведува ширум државата“ изјави министерот на денешната прес-конференција за медиумите.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Видео) Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа пред настапот во Битола, концертот ќе се одржи утре

Сцена | пред 14 часа

media-library46r8nellpetv7A8rAkI

Делумно затемнување на Месечината во Риби: Четири знаци оставаат нешто старо зад себе

Трендови | пред 2 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Хекланите балетанки се новиот моден хит за крајот на летото

Трендови | пред 4 дена

Pojadok

Огладнувате многу пред ручекот? Проверете дали појадокот ги содржи овие три работи

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања