На натпреварот American protege, кој се одржува секоја година во „Карнеги хол“, Њујорк, во декември 2024 настапи и Агнеса Русомаровска од Скопје.
Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории: свирење разни инструменти, classical singing, opera singing, broadway/theatre.
12-годишната Агнеса настапи во бродвеј-категоријата со Tomorrow од мјузиклот Annie. Беше придружувана од пијано, а нумерата ја изведе без микрофон.
Нејзиниот обемен и јак вокал ги воодушеви сите во „Карнеги хол“.
Агнеса од Скопје беше единствениот претставник од Европа во 2024 година во сите категории.
Со музика се занимава од 4-годишна возраст, а под водство на наставник пет години пее во детски хорови. Последните две години оди на поединечни часови кај Ана Костадиновска, која ја подготвуваше и за настапот во Њујорк.
Под нејзино менторство Агнеса се пријави на натпреварот American Protege, а победниците беа повикани да настапат во „Карнеги хол“ во Њујорк.
Претходно, Агнеса настапи на два меѓународни натпревара во Скопје, во МНТ и МОБ, каде што освои прво место.