Музичката ѕвезда Адел првпат објави слика во бикини откако ослабе 45 килограми. Таа на „Инстаграм“ сподели фотка на која носи хеланки, бикини со знамето на Јамајка, а косата и е во плетенки Банту, што е традиционална африканска фризура. Пејачката откри дека во својот двор направила мала прослава за да го одбележи карневалот во Нотинг Хил кој се одржува во август, а годинава беше откажан.
Фановите потворно коментираа дека пејачката изгледа одлично, особено што до скоро носеше само широки фустано, но ѝ напишаа пораки да престане да слабее, оти веќе и не личи многу на себе.