Актерот Двејн Џонсон, популарен под надимакот „Карпа“, ја откорна железната врата од својот имот, за да може да излезе и навреме да се појави на работа.
Како што пренесуваат светските медиуми, на имотот на популарни актер снемало струја, па Џонсон морал на сила да ја тргне врата, за да може да излезе и за да не задоцни на работа.
Тој ја објави фотографијата од својот двор и објаснил дека автоматската врата му се заглавила и дека не можела да се отвори, затоа што снемало струја. Тогаш тој морал да го реши проблемот со своите мускули.
„Ова не е мојот најгорд момент, но морав да одам на работа. Повикав техничари, но не можев да ги чекам 45 минути, а за тоа време стотина членови од продукцијата ме чекаа на работа. Го направив тоа што морав. Туркав, викав и на крај ја откорнав врата. Ја откорнав од ѕидот и ја фрлив на тревата. Моето осигурување ги дочека техничарите еден час подоцна, а тие наводно биле во шок“, се пофали Џонсон на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/CFSoqM8FR0T/
Ваквиот потег предизвика различни реакции кај неговите фанови. Некои се шокирале од силата на поранешниот кечер, додека други го пофалија тоа што го направил, пред сè поради неговите колеги. Трети, пак ,не веруваат дека си го уништил имотот.
Во коментарите се јавил и неговиот колега, глумецот Рајан Рејнолдс.
„Погрешна страна Двејн. Вратата се отвора на другата страна“, се пошегувал Рејнолдс.