Пејачите од „Ѕвездите на Гранд“ Елена Миленковска и Александар Маринковиќ Гуте станаа родители. Тие добија син кој ќе се вика Максим. Елена се породи вчера доцна вечерта во Белград, па веднаш објави слика од синот.
https://www.instagram.com/p/CBAgfTfntLZ/
Гуте вчера вечерта славаше за раѓањето на бебето со неколку блиски пријатели и откри дека според обичаите, гостите му ја искинале маицата.
Ова е прво дете на пејачите, кои се венчаа на почетокот на годината. Тие се запознаа на снимањето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а по шест месеци врска се верија.