Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Фото) Мајмунот Лука побегна од зоолошка градина во Шкотска, па сам се врати

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-library95mbr24tp2jgb1Cb9rk
фото: unsplash

Младиот мајмун од видот макак, по име Лука, безбедно се врати во паркот за диви животни Хајленд, во близина на Авимор во Шкотска, откако во текот на ноќта побегна од оградениот простор.

Потрагата по него траела во текот на целиот ден, а вработените користеле различни методи за да го пронајдат, меѓу кои и дрон.

„Лука се врати дома по сопствена желба и ни е драго што безбедно се врати во паркот“, изјави Дарен Мекгари од Кралското зоолошко друштво на Шкотска.

Тој додаде дека мајмунот сега ќе биде прегледан, по што чуварите и ветеринарите постепено ќе го вратат во неговата група.

Од паркот претходно ги предупредиле граѓаните да не се обидуваат да му се приближат доколку го забележат, иако животното не се смета за опасно. Наместо тоа, граѓаните биле повикани да пријават доколку го видат.

„Динамиката во групите примати може да биде многу сложена и не е невообичаено мажјаците да бидат принудени да ја напуштат групата“, објаснил Мекгари.

По целодневната потрага, Лука сепак решил сам да се врати во својот дом, на големо олеснување на вработените во паркот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhd13dsrfd9vka8jJa51

„GTA VI“ испиша историја: Првите рецензии ѝ донесоа неверојатна оценка 99

Вирално | пред 17 часа

media-libraryvj2ob995hdse8vGebbM

Алиша Кис и Џон Леџенд би можеле да му се придружат на Џеј Зи на Супербоул 2027

Вирално | пред 17 часа

media-libraryc24dlnotpi5r5lTqxuP

Кембриџ го прогласи зборот „човечки“ за збор на 2026 година

Вирално | пред 20 часа

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Огромен интерес за електричниот Volkswagen ID. Polo: Речиси 60.000 резервации, чекањето достигнува 21 месец

Вирално | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања