Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

(Фото) Несекојдневна сцена на Крит: Мршојадец се качил на крило на авион пред полетување, пожарникарите морале да интервенираат

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-library6vdugsr22mpg6eEWOJX
фото: unsplash / илустрација

Несекојдневна спасувачка акција се одвивала во неделата навечер на аеродромот во Ираклион на Крит, кога мршојадец слетал на крилото на авион подготвен за полетување и одбил да се помести.

Пилотот ја забележал птицата на крилото на авионот и ја известил контролната кула, објави грчкиот портал „Patris“.

Откако било утврдено дека мршојадецот нема намера да го напушти авионот, била повикана аеродромската противпожарна служба.

Пожарникарите со помош на специјални скали се приближиле до птицата и успеале безбедно да ја фатат.

Користејќи јакна и заштитни ракавици, пожарникарите го пренеле мршојадецот во просториите на противпожарната служба.

Потоа биле известени надлежните служби, а птицата била пренесена на безбедно место, каде што била ставена под надзор на стручни лица.

Акцијата завршила без последици за мршојадецот и патниците.

Според пишувањата на локалниот весник, птицата за време на спасувањето била исклучително мирна. Покриена со јакна, без никаков отпор седела во прегратките на еден од пожарникарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 14 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 15 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 15 часа

media-library0rqpq08n53hn7A46d7t

Во Кина наместо познати личности на билбордите ги поставуваат научниците за да им бидат пример на децата

Вирално | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања