Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(ФОТО) Охриѓанецот Стојановски – најдобар тенисер на универзитетот „Алкорн стејт“ од Мисисипи, еве ги последните негови успеси

Медиасет.мк
пред 5 години
Stojan-Alcorn-5

Универзитетот Алкорн стејт од Мисисипи, САД, каде студира охриѓанецот Стојан Стојановски, играа викендов во Њу Орлеанс плеј-оф во SWAC (Southwestern Athletic Conference).

Конференцијата во првата NCAA Универзитетска лига. Во четвртфиналето во саботата победија против Преари Вју Универзитетот со 4:2, при што Стојановски победи и освои важни бодови за својот Универзитет и во сингл и дубл после 4-часовна борба. Следниот ден се играше полуфинале против Алабама А & М, и во драматичен меч загубија со 4:3, и не успеаа да се пласираат во конференциското финале. Стојановски прво оствари победа во дубл, но во одлучувачкиот меч во сингл, при резултат 3:3, играјќи повреден, загуби од поранешниот соиграч од репрезентацијата на Македонија од јуниорските денови и соиграч на Универзитетот Алкорн до минатата година, Ѓорѓи Поповски во 3 сета.

Инаку. Стојан Стојановски за цело време на школувањето е избиран во најдобриот тениски тим на конференцијата, и е најдобар тенисер на универзитетот. Тој е апсолвент на Факултетот за компјутерски науки, со просек од 9,80. Ова беше последен меч на 22-годишниот Стојановски за Алкорн стејт Универзитетот, и во емотивното обраќање после мечот изјави дека со Ѓорѓи го одиграл првиот меч пред 15 години во Македонија, и судбината одлучила да го одигра и последниот меч во кариерата во САД против истиот противник и голем пријател. По завршувањето на студиите наесен, Стојан Стојановски ќе се посвети на професијата, и ќе работи во голема софтверска компанија во Вашингтон.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya8qonsvsn1p17BICGqE

Мишо Ковач погребан покрај својот син Еди на Мирогој, последното збогување во семејниот круг

Сцена | пред 1 ден

media-librarykqs8fqhnobbc5JQYKCO

„40 дена без тебе, а болката е сè подлабока“: Потресна порака од сопругата на Маријан Стојаноски по загубата на синот

Сцена | пред 2 дена

zzz-1

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Сцена | пред 2 дена

media-libraryr2uua0hdtkivdtcb86O

Кристина Агилера откри детали од приватниот живот: „Сè уште имам многу желби што сакам да ги исполнам“

Сцена | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања