Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

Митровиќ ги коментира шпекулациите за затворање на ТВ „Пинк“ по најавата за масовни отпуштања

Медиасет.мк
пред 1 час
zzz-1

Иднината на телевизијата „Пинк“ останува неизвесна по најавата за масовни отпуштања во компаниите на Жељко Митровиќ, сопственикот на „Пинк медиа груп“. Тој ги коментираше шпекулациите за можно затворање на телевизијата, но не даде конкретен одговор, објави српскиот „Блиц“.

Гостувајќи во емисијата „Хит твит“, Митровиќ на прашањето дали „Пинк“ ќе престане со работа одговори дека треба да се прецизира за кој „Пинк“ станува збор, бидејќи, како што рече, постојат околу 80 телевизии под тој бренд.

„Тоа е само бренд, телевизијата е програма, а не нејзин бренд. Не е толку лесно“, изјави Митровиќ, без да открие какви промени се планираат.

Неговата изјава доаѓа неколку дена откако на Инстаграм објави дека ги распуштил сите ансамбли на театарот „Одеон“, поради што 150 лица останале без работа. Тој најави и дека во рамките на системот ќе мора да отпушти околу 1.000 работници од десетина компании кои, според него, сè уште не успеале да постигнат финансиска стабилност.

Митровиќ одлуката ја опиша како еден од најтешките денови во животот, наведувајќи дека ја донел со многу емоции и разбирање кон вработените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr2uua0hdtkivdtcb86O

Кристина Агилера откри детали од приватниот живот: „Сè уште имам многу желби што сакам да ги исполнам“

Сцена | пред 11 час

media-libraryi2ljlil0je1b2R3mJCL

(Видео) Кралот Чарлс остана на поројниот дожд без чадор, па извика: „Каде ми е чадорот?“

Сцена | пред 12 часа

media-library358ekt4to5o8fFnWlKO

Војаж стана татко

Сцена | пред 19 часа

media-librarykfpgevuo16cfaPbuV7T

(Видео) Ландов врзан на „Полиграф“: Џабе ми се милиони ако живеам во држава каде што 90 проценти од работите функционираат погрешно

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања