Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ФОТО) Сека Алексиќ за годишнината доби прстен од 10.000 евра

Пејачката Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко пред неколку дена прославија 10 години во брак. Сопругот за годишнината ѝ подари прстен од 10.000 евра, а пејачката веднаш се пофали со подарокот на социјалните мрежи. Таа, не очекувала волку скап поклон, велат нејзините пријатели за „Информер“.

„Сека не знаеше што ѝ подготвува Вељко. Мислеше дека денот ќе го одбележат играјќи си со децата на базенот. Очекуваше подарок, но не волку скапоцен. Вељко ѝ подготви вечера, а кога ѝ го даде прстенот, таа се воодушеви,“ рекол изворот за „Информер“.

Пејачката, пак, на сопругот му купила скап рачен часовник, што тој го бендисал додека шетале во еден трговски центар во Белград.

За потсетување, Сека и Вељко направија голема свадба пред десет години. Тие имаат две деца.

На почеток
error: