Папата Франциск на Велики петок се молеше во празната базилка Свети Петар. Тој ја предводеше молитвата „Маки Господови“, во знак на сеќавањето на последните часови од животот на Исус Христос и неговото распнување.
На службата обично присуствуваат кардинали, бискупи и околу 10.000 верници, но поради мерките против ширењето на коронавирусот, оваа година имаше само 20 луѓе, вклучувајќи ги и неговите помошници и малкумина членови на хорот.
Папата во петокот вечерта го предводеше процесијата Патот на Крстот до влезот во базилката на празниот плоштад Свети Петар. Ова е првпат од 1964 година процесијата да не се одржува во римскиот Колосеум, пренесува „Ројтерс“.