Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Голема промена во „Фолксваген“: Половина од моделите ќе исчезнат од понудата

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

„Фолксваген“ започнува голема трансформација на својата понуда, која ќе донесе значително намалување на бројот на модели и нивните конфигурации до крајот на деценијата.

Според информациите на „Autocar“, германскиот производител планира до 2030 година да го намали бројот на модели за околу 50 проценти, а бројот на достапни верзии и пакети на опрема да го скрати за дури 75 проценти. Со тоа компанијата сака да ги намали трошоците, да ја подобри профитабилноста и да го направи производството поефикасно.

Во моментов не е познато кои модели ќе бидат повлечени од продажба. Од компанијата посочуваат дека во иднина ќе се насочат кон најисплатливите сегменти, а истовремено ќе се намали преклопувањето на моделите и брендовите во рамките на групацијата.

Покрај промените во понудата, „Фолксваген“ планира и намалување на производствениот капацитет – од сегашните околу 12 милиони на приближно девет милиони возила годишно. Целта е производството подобро да се усогласи со побарувачката на пазарот и да се зголеми ефикасноста.

Главниот извршен директор, Оливер Блуме, оцени дека автомобилската индустрија се наоѓа пред сериозни предизвици поради геополитичките тензии, високите трошоци, новите регулативи и засилената конкуренција, особено во сегментот на електричните автомобили.

Според него, компанијата ќе одговори на овие предизвици со поедноставување на производството, фокус на клучните технологии и поконцентрирана понуда на возила.

Иако засега не се открива кои модели ќе бидат укинати, јасно е дека „Фолксваген“ влегува во една од најголемите реорганизации на својата моделска гама во последните неколку децении. Повеќе детали за промените се очекуваат во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

TikTok

Компанијата зад ТикТок подготвува нов ВИ-агент за конкуренција на Цукерберг

Технологија | пред 7 минути

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 19 минути

microsoft

Што се случи со „Мајкрософт“ и дали податоците на корисниците се безбедни?

Технологија | пред 3 часа

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања