Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK
Технологија

Google ги запре работите на голем центар за податоци во Белгија поради проблеми со дозволата

104637042-GettyImages-513101776

Американскиот технолошки гигант Google ја прекина изградбата на голем центар за податоци во јужна Белгија откако властите издадоа наредба за запирање на работите поради неправилности со градежната дозвола.

Станува збор за објект што се гради на поранешно рударско наоѓалиште од 50 хектари, во деловна зона на подрачјето на три општини во регионот Шарлроа. Белгиските власти соопштија дека дел од градбата, со површина од три хектари, бил изведуван без соодветна дозвола.

Google имал одобрение за изградба од 2024 година, но годинава побарал измени со кои би се проширила површината на објектот и би се овозможило ладење на компјутерската опрема со речна вода од Самбра, наместо со воздух, како што било првично предвидено.

По реакции од граѓаните, регионалните власти во Валонија го одбиле барањето за измена на дозволата. Google ја оспорил одлуката пред управниот суд, а рочиштето е закажано за почетокот на јануари.

Компанијата соопшти дека ги прекинала работите во согласност со насоките на локалните власти и дека ќе продолжи да ги почитува белгиските закони.

Проблеми со проектите за изградба на центри за податоци Google има и во други земји. Пред еден месец, финската полиција отвори истрага за можно влијание врз животната средина од подготвителните работи на локацијата каде што компанијата планира да изгради ваков објект во Мухос, на северот на Финска.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Технологија

Сите →
media-library0i0ndt5r8qsl2MQnw8C

„Гугл“ ги запре градежните работи на голем центар за податоци во Белгија по судска одлука

пред 4 минути
media-librarya0n0qs58q19f0EQtnFU

Samsung подготвува нови функции за камерата на Galaxy S27 – Vision со Gemini и автоматски портрети

пред 5 минути
media-library7c1ot38qv5ca7VF1BR3

Купувате нов телефон, а можеби веќе е заразен – алармантен раст на малициозниот софтвер кај Андроид уредите

пред 4 часа
media-library2cjkt6o6sn7r54KUbdC

Нова функција на X ќе го реши еден од најголемите проблеми при користење на мрежата

пред 6 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања