Нова функција на X ќе го реши еден од најголемите проблеми при користење на мрежата
Социјалната мрежа X развива нова функција што ќе им овозможи на корисниците да се вратат на претходниот приказ на почетната страница доколку случајно го освежат каналот „За вас“ и изгубат објава што ја читале.
Според истражувачот на нови функции на платформата, Арон, во подготовка е копче „Врати“, кое ќе се појавува на дното од екранот по освежувањето. Со негово притискање, корисниците ќе можат да се вратат на претходниот приказ, токму на местото каде што застанале.
Оваа можност би решила чест проблем кај корисниците кои случајно ја освежуваат страницата и потоа не можат повторно да ја пронајдат интересната објава што ја читале.
Засега нема официјална потврда кога функцијата ќе биде достапна ниту дали воопшто ќе биде пуштена за сите корисници.