Медиасет.мк logo
Промени тема
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14
Патувања

Град Скопје: Во недела „Ден без автомобили“ - дојдете со велосипед или пеш

Медиасет.мк
пред 5 години

Во недела, на 30.05.2021 година, Градот Скопје ќе организира Ден без автомобили под мотото „Улици за луѓе“. За таа цел, улицата Васко Карангелевски во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите.

Организирањето ваков ден без автомобили може да биде одличен пример за насоката во која што се движи Градот, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор.

Плановите за целокупната реорганизација на урбаниот транспорт во Скопје, пресликани во многу плански и стратешки документи, имаат голем потенцијал трајно да го подобрат квалитетот на живот во градот. Во таа насока, спроведувањето на проектот за брз автобуски превоз (БРТ), се очекува да донесе трајно намалување на употребата на индивидуални моторни средства, но за да го постигне тоа, граѓаните треба да се навикнуваат да ги оставаат своите автомобили дома, за почеток во деновите наменети за одмор и рекреација. Активностите кои го поттикнуваат ова, ќе ја зaцврснат довербата во политиките на Град Скопје и забрзано ќе ги донесат придобивките од тие политики што добро се набројани и елаборирани во Акцискиот план за Зелен град.

Ваквите активности исто така одат во прилог на зацртаната цел на Град Скопје да се стекне со титулата „Зелена престолнина во Европа“. Таму, токму одржливата урбана мобилност е еден од дванаесетте критериуми и особено е нагласено дека Градот треба да се стреми кон преполовување на употребата на автомобили со конвенционални фосилни горива до 2030 година.

Деновите без автомобили се едни од главните промотори на одржливиот транспорт, а ова е докажано низ многу примери во Европа и во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 седмица

media-library0qdukd9sdvn9f8K17AL

Тинејџер се загубил на планина откако ги следел упатствата на вештачката интелигенција

Технологија | пред 1 седмица

media-libraryiveoklab8gujcZZ4FA1

Од Берлин до Будимпешта: Божиќни пазари во Европа што можете да ги посетите со мал буџет

Патувања | пред 1 седмица

media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F

На 60 години ја продала куќата, дала отказ и решила да патува низ светот: За три години посетила 15 земји

Патувања | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања