Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Градоначалникот Георгиески ги образложи деталите за ребалансот на буџетот на Општина Охрид

Медиасет.мк
пред 5 години
kosta1-1

Градоначалникот Константин Георгиески во изјава за медиумите образложи детали во врска со ребалансот на општинскиот буџет, кој денеска беше усвоен од страна на советниците на 62-та седница на Советот на Општина Охрид.

-Со цел да обебедиме подобра функциналност на буџетските средства во насока на исполнување на приоритетните потреби и барањата на граѓаните, со денешниот ребаланс на буџетот вршиме внатрешна прераспределба на средствата по годишните програми за работа на секторите на општината.

Согласно мојот принцип на транспарентност, сакам да ја информирам јавноста дека со ребалансот на буџетот се релоцираат вкупно 43 милиони денари до програмите каде што имаме повисока реализација и средствата од непродуктивните трошоци, ги пренасочуваме за реализација на инфраструктурни проекти и други важни инвестиции.

-Релоцираме 16.300.000 за реконструкција на улицата „Будва“ која е една од приоритетните потреби за жителите од овој дел на градот и дополнителни 4 милиони денари за улицата „Прилепска“;

-Со цел да овозможиме непречена реализација на проектот за комплетна реконструкција на улицата „Гоце Делчев“, за која веќе се обезбедени 38.500.000 денари од Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти, обезбедуваме 9,9 милиони денари за поставување нова атмосферска канализација по целата должина на оваа улица;

-За да се подобри сообраќајната мрежа во неколку села и населби издвојуваме дополнителни 9 милиони денари за асфалтирање на улици;

- За набавка на реквизити за реконструкција детски игралишта дополнително обезбедуваме 1,3 милиони денари;

-Вкупно 3 милиони денари издвојуваме за поставуавање на нови сијалични места;

-Се издвојуваат 1 милион денари за поставување на нова водоводна линија во село Куратица;

-За капитални инвестиции во основните училишта издвојуваме дополнителни 4 милиони денари;

-Издвојуваме 500.000 денари за набавка на нови садови за депонирање на отпад;

-Со цел да се обезбедат подобри услови за развој на спортот и спортските клубови, обезбедуваме дополнителни средства за трансфери на спортските клубови;

-Вкупо 2,2 милиони денари се обезбедуваат за одржување на плажите на крајбрежјето;

-Дополнителни 350.000 денари се издвојуваат за Субвенционирање и набавка на велосипеди и издвојуваме дополнителни 1 милион денари за обезбедување на стипендии за студенти

Нашата цел е да продолжиме да работиме посветено во исполнување на сите планови и програми кои се во интерес на охриѓани. Очекувам дека во иднина, како и до сега, ќе оствариме значајни резултати во сите сегменти, кои ќе овозможат подобар развој и подобра иднина за нашата општина, истакна градоначалникот Георгиески во изјава за медиумите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd16tjdjdjnkse6FddNx

(Видео) Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа пред настапот во Битола, концертот ќе се одржи утре

Сцена | пред 1 седмица

media-library46r8nellpetv7A8rAkI

Делумно затемнување на Месечината во Риби: Четири знаци оставаат нешто старо зад себе

Трендови | пред 1 седмица

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Хекланите балетанки се новиот моден хит за крајот на летото

Трендови | пред 1 седмица

media-libraryomivujdvvj4s5Crc0lV

Концерт на Нина Бадриќ оваа сабота во Охрид

Сцена | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања