Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Грција втора во светот по број на „Сини знамиња“: 657 наградени плажи

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarytbkehv5p0bl74EqTF1g
фото: unsplash

Грција е втора во светот според бројот на награди „Сино знаме“ за 2026 година, што потврдува дека земјата е еден од глобалните лидери во управување со крајбрежјето и заштита на животната средина, пренесува „Greek Reporter“.

Со 657 наградени плажи, што претставува 15 отсто од вкупниот број во светот, Грција ја задржува својата силна позиција во меѓународната програма, а пред неа е само Шпанија.

„Синото знаме“ е доброволна еколошка ознака која се доделува на плажи и пристаништа што исполнуваат строги 33 критериуми.

Овие стандарди се засноваат на четири клучни принципи: квалитет на водата, управување со животната средина, еколошка едукација, како и безбедност и услуги.

Полуостровот Халкидики останува најуспешен регион во Грција за 2026 година со вкупно 93 „Сини знамиња“. Ова подрачје е меѓународно познато по уреденото крајбрежје и исклучително чистото море. Крит го задржува првото место меѓу регионите со 153 знамиња распределени во четири префектури. Меѓу останатите значајни области се издвојуваат Родос, Атика со 18 плажи со „Сино знаме“, и Ситонија со исто така 18 наградени плажи.

За да го добијат и задржат статусот „Сино знаме“, крајбрежните општини и приватните управувачи мора да поминат чести и ненанјавени инспекции во текот на сезоната. Основен услов е одличен квалитет на водата, додека пониски оценки како „добар“ или „задоволителен“ не се прифаќаат.

Покрај чистотата на морето, меѓу критериумите се и пристапност за лица со попреченост, строга забрана за индустриски и канализациски испусти во близина на плажите, како и безбедносна инфраструктура со сертифицирани спасувачки служби.

За грчкиот туристички сектор, кој останува еден од главните двигатели на националната економија, овие признанија претставуваат важна предност. Меѓународните туристички агенции ја користат листата како еден од клучните критериуми при препорака на дестинации.

Со растечкиот интерес за одржлив туризам, континуираното присуство на Грција меѓу водечките земји ја зајакнува нејзината конкурентност и ја прави сè попривлечна за туристите кои бараат квалитет и еколошка одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 1 ден

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 2 дена

media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 дена

media-library07l7jg2nvij0d7Y4UkK

Македонски потпис во плакарите на светските ѕвезди: Сатја Грабулоски ги облече Кети Пери и Мартин Герикс

Сцена | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања