Принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, ќе се појават на виртуелен настан чија цел е да се соберат пари за вакцини против Ковид-19.
Двојката беше најавена како претседавач со кампањите на настанот за повторно обединување на светот, VAX LIVE: The Concert to Reunite the World. Организатор на мнифестацијата е движењето за борба против сиромаштија „Глобал ситизен“.
На концертот, чиј водител ќе биде поп-starвездата Селена Гомез, ќе се појави и американскиот претседател Џо Бајден.
„Сите ќе имаме корист, сите ќе бидеме побезбедни, кога сите, насекаде, ќе имаат еднаков пристап до вакцината“, рекоа Хари и Меган.
„Ние мора да продолжиме со правичната дистрибуција на вакцините и, со тоа, да ја вратиме вербата во нашата заедничка човечност. Мисијата не може да биде покритична или поважна.“
Голем број музички ѕвезди ќе настапат на глобалниот стриминг на 8 мај со цел да се соберат пари за вакцини против Ковид-19.
Настанот ќе води и кампања за фер и еднаков пристап до вакцините за сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.