Откако пејачката со албанско потекло, Дуа Липа, објави на социјалните мрежи карта од голема Албанија, по ист терк се огласи и нејзината колешка Рита Ора.
Таа ја објави истата фотографија барајќи познати моќни компании да го стават Косово на мапата на независни држави.
https://www.instagram.com/p/CC3IQrdjs2h/
„Би сакала да видам компанија што ќе застане зад нас и на своите мапи ќе го обележи независно Косово. Албанија и Косово се полни со млади, талентирани и добри луѓе. Јас сум горда што сум дел од тоа друштво. Ви испраќам љубов, радост и солидарност заедно со своите колешки Дуа Липа, Бебе Реџа, Ава Макс, Ера Истрефи и Дафина Зекири“, напиша таа на фотографијата.
Рита Ора е родена во Пришина во 1990 година, но додека била бебе, нејзините родители емигрирале во Лондон поради политичките несогласувања и војната во поранешна Југославија.