Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Игор Џамбазов со емотивна објава за татко му Александар: „Ти си маестро, маестро мој“

Медиасет.мк
пред 8 месеци
media-libraryf8h1ahd2k6sn9eyMOlX

Денес се навршуваат четири години од смртта на маестро Александар Џамбазов, а по тој повод неговиот син, актерот и музичар Игор Џамбазов, сподели длабоко лична и трогателна објава на социјалните мрежи, посветена на својот татко.

Во објавата, Џамбазов открива дел од интимната приказна за човекот кој, како што вели, бил „единствен примерок“, а чие присуство и денес го препознава во сопствениот одраз во огледалото. Текстот е извадок од неговата книга „Облечен човек“ и претставува искрено сведоштво за идентитетот, сенките и величината на еден маестро.

„Денес се навршуваат четири години од заминувањето на мојот татко Александар.
Ова е дел од приказната за него во мојата книга ‘Облечен човек’.

Од пред некое време, наутро, кога ќе застанам пред огледалото, како да го гледам него. Особено кога имам на себе неколкудневна брада, јас и изгледам исто како него. И тоа е можно.

До својата 50-та година личев на примероците од ‘велешката сорта’, а оттогаш па наваму, со невидена брзина станувам примерок на ‘штипската крв’.

Татко ми Џамбаз е човек што вреди да го имаш за татко. Единствен примерок.

Татко ми Џамбаз целиот свој живот се жали дека никогаш не бил свој. Секогаш бил во нечија сенка. Се разбира дека тоа не е така.

‘Прво бев сопруг на Анче, па зет на Петре Прличко, а сега сум татко на Игор. А јас? Па што сум тогаш јас?’

Ти си маестро, маестро мој.“

Со оваа објава, Игор Џамбазов уште еднаш потсети на големината на маестро Александар Џамбазов – не само како уметник, туку и како татко, чиј дух и наследство продолжуваат да живеат преку зборот, музиката и сеќавањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library03rj7f85fj4u7P5R4eO

Сезоната на тиквата е тука: Има придобивки и за слабеење

Вирално | пред 3 часа

media-libraryevngjc49grg53AMYA5u

Хејли Бибер го збуни водителот: „Џастин е Французин“

Сцена | пред 22 часа

5c34837e-f238-463a-b437-70c10a0a0a67-karleusa-i-dusko-750x500-1

Карлеуша: „Со Душко можам да се смирам за една минута, но тоа не го сакам“

Сцена | пред 22 часа

Elon-Musk-loses-worlds-second-richest-ranking

Шивон Зилис и Илон Маск ставија крај на врската преку „Х“

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања