„Ти живееш во секое отчукување на моето срце, во секоја моја солза, во секоја насмевка“: Сопругата на Маријан Стојаноски за синот Петар
Со зборови исполнети со неизмерна тага и љубов, Наташа Стојаноска, сопругата на познатиот македонски пејач Маријан Стојаноски, му посвети емотивна порака на својот починат син Петар.
Во објавата таа пишува за празнината што ја оставила неговата загуба, сеќавајќи се на неговата насмевка, прегратките и нежноста, кои, како што вели, засекогаш ќе останат во нејзиното срце.
„Ти не беше само мое дете – ти беше мојот здив, мојата радост, мојата причина за секое утро“, напиша Стојаноска, додавајќи дека иако повеќе не може да го држи за рака, Петар засекогаш ќе живее во неа.
„Небото го доби најчистиот и најубавиот ангел, а јас го носам твојот лик врежан во душата како најсвето богатство“, стои во нејзината потресна посвета.
