Во чест на „чаирскиот романтичар“ Владо Јаневски, Слаткар вечерва ја објавува нивната необјавена песна „Само да те имам“
Со емотивна порака на социјалните мрежи, раперот Слаткар му оддаде почит на Владо Јаневски по повод неговиот роденден, истакнувајќи дека неговото музичко наследство ќе продолжи да живее и да допира до новите генерации.
„Некои гласови не умираат, а некои луѓе остануваат засекогаш присутни преку она што го оставиле зад себе“, напиша Слаткар, додавајќи дека помладите генерации ќе продолжат да ги шират неговите песни и да се грижат тие да стигнат до новата публика.
Тој најави и објавување на песната „Само да те имам“, во 19 часот, како посвета на музичарот.
Автор