Петтиот филм од култниот серијал Индијана Џонс почнува да се снима следната недела во замокот Бамбург во Британија… 40 години откако Харисон Форд се прослави со улогата на археологот авантурист во Raiders Of The Lost Ark („Крадците на загубениот ковчег“).
Долгоочекуваното продолжение на мегапопуларната филмска сага беше одложено поради пандемијата на Ковид-19.
„Дедлајн“ во средата објави дека снимањето ќе почне во студиото „Пајнвуд“ во Англија следната недела. Порталот тврди дека ги добиле информациите од извори блиски до продукцијата.
Британски „Сан“ додава дека ќе се снима паралелно и во замокот Бамбург, кој се наоѓа на североисточниот брег на Британија покрај селото Бамбург во Нортамбрија.
Во филмот глуми Харисон Форд (78)во насловната улога на археологот Хенри Волтон Индијана Џонс, а ќе се појават и Мадс Микелсен и Фиби Волер-Бриџ во споредни улоги.
„Дедлајн“ пренесува дека членовите на екипата се плашат да одат во замокот бидејќи тој, наводно, е запоседнат од духот на таканаречената Розова дама или Pink Lady од средниот век која шета по ходниците.
„Звучи глупаво, но пред да започне снимањето, сè за што зборуваме е духот. Тоа е навистина морничаво место “, изјавил еден инсајдер за порталот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.