Медиасет.мк

Медиасет

Инфлуенсерка од „ТикТок“ мора да плати 1,75 милиони долари за уништен брак

Ѕвездата на „ТикТок“, Бренеј Кенард, мора да плати отштета од 1,75 милиони долари на жена чиј брак, според судската пресуда, го уништила. Тужбата се темели на контроверзниот закон за „отуѓување на наклонетост“, кој е на сила само во неколку американски држави и им овозможува на напуштените сопружници да тужат трета личност за распад на бракот, пишува „Јунилад“ (Unilad).Бренеј Кенард, инфлуенсерка од Северна Каролина, има речиси три милиони следбеници на „ТикТок“, каде што објавува видеа од секојдневието, совети за шминка и готвење, како и популарни „мукбанг“ снимки (видеа во кои се снима како јаде големи количини храна).Во мај 2024 година, Акира Монтаг поднела тужба против Кенард, тврдејќи дека таа е одговорна за крајот на нејзиниот брак со Тимоти Монтаг. Тужбата се повикувала на законот за „отуѓување на наклонетост“ – стар правен пропис што му овозможува на напуштениот сопружник да бара отштета од лицето за кое смета дека е виновно за разводот. Северна Каролина е една од ретките држави што сè уште го применуваат овој закон.„Бракот им се распаѓал со години“Според тужбата, Кенард имала афера со Тимоти додека тој сè уште бил во брак со Акира, а наводно и се фалела со тоа на социјалните мрежи. Бренеј Кенард и Тимоти Монтаг сега се во брак. По судењето, поротата пресудила во корист на Акира Монтаг.Судијката на Вишиот суд ѝ наредила на Кенард да исплати 1,5 милион долари за отуѓување на наклонетост и дополнителни 250.000 долари за сексуален однос со туѓ сопружник. Кенард, која самата се бранела на суд, во завршниот збор изјавила дека не е таа виновна за распадот на бракот. „Бракот им се распаѓал со години“, рекла таа, додавајќи дека е цел на тужбата единствено затоа што е позната инфлуенсерка.Робонета Џонс, адвокатката на Акира Монтаг, ги отфрлила тврдењата дека Кенард била пијана на снимките на кои танцува со Тимоти. „Алкохолот не е изговор за ‘тверкање’ на маж на друга жена во бања“, рекла Џонс. Како дополнителен доказ, адвокатката ја истакнала објавата од „Снепчет“, каде што Кенард, на прашањето за правните проблеми, одговорила дека „Тимоти вредел“.

На почеток
error: