Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не присуствуваа на големата велигденска служба на која секоја година одат сите активни членови на кралското семејство. Оваа година се појавија кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Ендру, Сара Фергусон, принцезата Ана, Тимоти Лоренс, принцот Едвард и војвотката Софи. Кејт и Вилијам го прекршија протоколот, веројатно за прв пат, и решија да го поминат одморот со децата додека Кејт закрепнува од хемотерапијата што ја прима поради неодамна дијагностициран рак.
Овој потег не го пропуштија фановите на кралското семејство, кои ги пофалија Кејт Мидлтон и Вилијам дека направиле се за да го зачуваат нивното семејство и покрај сите проблеми со кои се соочуваат.
Покрај тоа, принцот Вилијам, според многу коментари, донел одлука цврсто да застане на страната на својата сопруга и со тоа ја воодушеви јавноста. Ова е првпат престолонаследникот да ги запостави службените обврски, се со цел на семејството да му овозможи мирен Велигден.
Иако и самиот боледува од рак, британскиот крал Чарлс го одвел семејството во замокот Виндзор на неделната служба со кралицата Камила.
Во капелата Свети Џорџ во Виндзор пристигнаа и други членови на кралското семејство.
Ова е најважното појавување за кралот Чарлс откако во февруари му беше дијагностициран рак. На богослужбата во замокот Виндзор, каде Чарлс беше со кралицата Камила, традиционално присуствува целото кралско семејство, но оваа година тоа не беше случај.
Освен Кејт и Вилијам, не се појавија други важни членови на семејството.
Од службата отсуствувале и помладиот брат на Вилијам, Хари и неговото семејство, кои живеат во Калифорнија.