Emirates Group оствари рекорден профит од 24,4 милијарди дирхами (6,6 милијарди американски долари) во финансиската година 2025/26.Во годишниот извештај објавен на 7 мај во Дубаи, компанијата наведува дека и покрај предизвиците и нарушувањата во последниот месец од фискалната година, остварила најдобри резултати во својата историја.Вкупните приходи на Emirates Group пораснале за три отсто и достигнале рекордни 150,5 милијарди дирхами, додека готовинската резерва на Групата се зголемила на 59,6 милијарди дирхами. EBITDA изнесувала 41,1 милијарди дирхами, што дополнително ја потврдува силната оперативна профитабилност на компанијата, пишува Avio Portal.Самата авио-компанија Emirates ја задржала титулата најпрофитабилна авио-компанија во светот. Профитот пред оданочување достигнал 22,8 милијарди дирхами, со профитна маржа од импресивни 17,4 отсто. Приходите на компанијата пораснале на 130,9 милијарди дирхами, додека готовинската резерва достигнала рекордни 54,9 милијарди дирхами.Претседателот и извршен директор на Emirates Group, Ахмед бин Саид Ал Мактум, истакна дека резултатите ја потврдуваат отпорноста на бизнис-моделот на компанијата, заснован на безбедност, квалитет на услуга, иновации и инвестиции во луѓе и технологија.„Првите единаесет месеци од финансиската година беа исклучително силни за целата Група. Побарувачката за нашите производи и услуги беше голема, а инвестициите во флота, технологија и бренд даваа одлични резултати. Меѓутоа, кон крајот на февруари воените настани сериозно го нарушија комерцијалниот воздушен сообраќај во регионот на Заливот“, рече Ал Мактум.Тој додаде дека брзо реагирале за да ги заштитат вработените, патниците и бизнисот и постепено ги обновиле операциите на аеродромот Dubai International Airport (DXB). Иако патничкиот капацитет сè уште е малку понизок од пред нарушувањата, товарниот сообраќај значително е зголемен за да се обезбеди транспорт на клучна стока.Во текот на годината Emirates продолжи со проширување на мрежата и модернизација на флотата. Воведени се четири нови дестинации – Да Нанг, Хангжу, Сием Рип и Шенжен – додека бројот на градови во мрежата пораснал на 152 во 80 држави. Компанијата дополнително развила партнерства со други превозници, овозможувајќи им на патниците пристап до повеќе од 1.700 дестинации ширум светот.Флотата во текот на годината е зајакната со 15 нови Airbus A350 авиони, а до крајот на март Emirates имала вкупно 19 A350 летала што сообраќаат кон 21 дестинација. Вкупниот број на авиони во флотата достигнал 277, со просечна старост од 10,8 години.На Dubai Airshow 2025 компанијата објави нови нарачки вредни 41,4 милијарди долари за дополнителни 65 Boeing 777-9 и осум Airbus A350-900 авиони. Вкупната книга на нарачки сега опфаќа 367 авиони, чии испораки ќе траат сè до 2038 година.Emirates во финансиската година 2025/26 превезла 53,2 милиони патници, со фактор на пополнетост на кабината од 78,4 отсто. Добивката по оданочување достигнала рекордни 19,7 милијарди дирхами, што претставува најдобар резултат во историјата на компанијата и еден од најдобрите резултати во глобалната авио-индустрија во разгледуваниот период.Голем фокус во текот на годината бил и на подобрување на корисничкото искуство. Emirates започнала со вградување на Starlink систем за брз интернет во авионите, а до крајот на март 21 авион веќе бил опремен со оваа технологија. Продолжена е и големата програма за модернизација на кабините вредна пет милијарди долари, во рамки на која досега се обновени 91 авион.Товарната дивизија Emirates SkyCargo исто така остварила силен резултат, превезувајќи 2,4 милиони тони стока, што е раст од три отсто во однос на претходната година. Приходите на SkyCargo сегментот изнесувале 16,2 милијарди дирхами и сочинувале 12 отсто од вкупните приходи на Emirates.
