Медиасет.мк

Медиасет

Истрага против платформата X започнува и Велика Британија

Британскиот медиумски регулатор Офком денеска отвори формална истрага против платформата X, во сопственост на Илон Маск, со цел да утврди дали компанијата ги исполнува обврските од Законот за онлајн безбедност и дали соодветно ги штити корисниците од нелегална содржина генерирана со вештачка интелигенција (AI).Истрагата е покрената по сериозни извештаи дека AI алатката Grok, интегрирана во платформата X, била користена за креирање и споделување неовластени интимни слики, како и сексуално несоодветна содржина што вклучува деца (CSAM).Офком испитува дали X ги презел сите неопходни чекори за да спречи корисниците во Велика Британија да доаѓаат во контакт со нелегална содржина и дали таквата содржина се отстранува во најкраток можен рок.Покрај тоа, регулаторот сака да утврди какви мерки презел X за заштита на приватноста, како ги проценил ризиците за децата и на кој начин ја применил заштитата од порнографска содржина за малолетни корисници.„Извештаите дека Grok креира и споделува нелегални интимни слики и сексуално несоодветна содржина што вклучува деца се длабоко загрижувачки. Платформите мора да преземат соодветни мерки за да ги заштитат корисниците во Велика Британија, особено децата“, изјави портпарол на британскиот регулатор.Доколку Офком утврди дека X ги прекршил британските закони, може да ѝ наложи на платформата да се усогласи со прописите, да надомести штета, како и да плати казна до 18 милиони фунти или 10 проценти од глобалниот приход на компанијата.Во најтешките случаи, Офком може да побара судска забрана за работење, да блокира пристап до платформата или да им забрани на британските компании да обезбедуваат услуги за плаќање и огласување за X, се наведува на веб-страницата на регулаторот.

На почеток
error: