Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи ставени на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправност на два производи и нивно итно повлекување од продажба поради хемиски ризик.Се работи за две серии лажни/фалсификувани Pop Mart играчки – Labubu и Monster.Првиот производПроизвод: Плишана играчкаНазив: LABUBU – THE MONSTERSБренд: POP MARTФалсификат: Да (лажен производ)Тип/Број на модел: THE MONSTERSЗемја на потекло: НР КинаОпис на ризик: Пластичниот материјал на производот содржи прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерена вредност: 16,55% по тежина). Овој фталат може да му наштети на здравјето предизвикувајќи можни оштетувања на репродуктивниот систем.Вториот производПроизвод: Плишана играчкаНазив: THE MONSTERS COCA-COLA SERIES – Vinyl Face Blind BoxБренд: Pop Mart (ФАЛСИФИКАТ)Број на серија: 410006-2P1Фалсификат: ДаТип/Број на модел: 12403190065Баркод: 6931571047290Опис на производот: Бела плишана играчка, направена од пластика и филц, со црвена капа и шишенце што потсетува на „Coca-Cola“, со пластично лице, раце и нозе.Земја на потекло: НР КинаВид на ризик: ХемискиОпис на ризик: Пластичниот материјал на производот содржи прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерени вредности до 34,7% по тежина). Овие фталати можат да му наштетат на здравјето на децата, предизвикувајќи можни оштетувања на нивниот репродуктивен систем.
