Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Извршителите наплатиле 120 милиони евра од граѓаните и фирмите за време на пандемија

Медиасет.мк
пред 5 години
izvriteli

Беше пандемиска и лоша економска година, но граѓаните и фирмите должници, па и државата се соочија со извршителските постапки, освен во месеците кога извршувањето беше запрено. За цела 2020 година сите извршители во државата наплатиле вкупно над 123 милиони евра, сума која е речиси идентична на таа од 2019 година кога немаше прекинување на извршувањето. Од оваа сума најголем дел од парите се наплатени од фирмите, а тие се и така најпогодени од кризата. Од фирми должници повлечени се над 89 милиони евра од државата, околу 9,5 милиони евра, а дури околу 25 милиони евра се пари кои се симнати од сметките на граѓаните за долгови по основ на извршни решенија кон различни должници. Тоа што извршувањето беше запрено не значеше и простување на сумата, само пролонгирање на повлекувањето на парите. За одложените рати потоа граѓаните плаќаат и камата.

Во 2020 година во Македонија работеле 99 извршители. Сите примиле 100 760 барања за извршување, додека завршени се 44 889 предмети или само 44%.

Ако се анализира по години, сумата од нешто над 123 милиони евра што ја наплатиле од граѓаните и од фирмите лани е иста како во 2019 година, а помала од некои претходни години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybu3iav7etlrde9mouYV

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Сцена | пред 3 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 4 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 4 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања