Глобалните испораки на мобилни телефони паднаа на најниско ниво од 2012 година
Светските испораки на мобилни телефони во третото тримесечје од годината се намалиле за 20 проценти во споредба со истиот период лани, достигнувајќи го најниското ниво од летото 2012 година. Причините се недостигот од мемориски чипови и растот на цените, покажуваат прелиминарните процени на истражувачката компанија Counterpoint Research.Поскапувањето на мемориските компоненти, кои сè почесто се пренасочуваат кон инфраструктурата за вештачка интелигенција, ги зголемило трошоците за производство.
Технологија | пред 2 седмици