Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Јордан Митев по 3 години повторно на голема турнеја во Австралија

Медиасет.мк
пред 3 часа
media-librarynplreecll7il0TSOJws

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг... практично цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда, Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ ќе снема билети... За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да биде комплетно распродадена целата турнеја.

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл - Концерт на Јордан Митев во Македонија има да биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Под мотото: „Две децении љубов, песна и незаборавни хитови“ Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк-звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e-ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан-пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во претпродажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан-пит.

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа во Австралија или во родната Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

evrovizija

Ирска повторно ја бојкотира Евровизија, втора година по ред поради учеството на Израел

Сцена | пред 16 часа

Brad-Pitt

(Фото) Бред Пит во камуфлажа, Инес во романтичен фустан: Парот привлече внимание на премиерата

Сцена | пред 16 часа

lo

(Видео) Џенифер Лопез се повреди среде концертот, но продолжи да пее

Сцена | пред 1 ден

media-librarytt0p3ov8lifsd8LrfjM

Меклмор исфрлен од турнејата на Ед Ширан по изјавите за Палестина

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања