Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Каније Вест официјално стана милијардер

Раперот Каније Вест официјално е милијардер, објави „Форбс“.

Магазинот проценува дека вкупното богатство на раперот изнесува 1,3 милијарди долари, а дека најголем дел од парите ги заработил со продажба на својот бренд патики во соработка со Адидас, кои се меѓу најпродаваните патики во светот и покрај нивната цена од 200 долари.

Музиката на Каније сочинува мал дел од богатството, иако е еден од најпродаваните уметници во последните 20 години. Неговата музичка куќа Гуд мјузик и правата на неговата дискографска куќа се проценети на најмалку 90 милиони долари.

Голем дел од богатството се во имот – поточно 81 милион долари во недвижнини и 21 милион долари во земјиште. Вест има 17 милиони долари во кеш и 25 милиони долари во аукции.

Каније е втор американски рапер на оваа листа на „Форбс“, прв на неа се најде Џеј Зи.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: