Медиасет.мк

#ТРЕНД

Карди Би поднесе барање за развод од раперот Офсет

Популарната раперка Карди Би поднесе барање за развод од сопругот Офсет по три години брак. Причината за разводот е тоа што пејачката дознала дека сопругот ја изневерува. Карди ја почнала судската постапка и нивното прво рочиште е закажано за 4 ноември, пишуваат американските медиуми.

„Секако дека не е во ред мажот да ја изневерува жената, но сакам да му дадам втора шанса. Ќе се обидам да ги подобрам односите, ако е тоа можно“, изјави Карди пред две години, кога јавноста дозна за првото неверство на Офсет.

Двојката се венча на тајна церемонија во 2017 година и ја добија ќеркичката Култур која има само две години.

Во документите за развод, пејачката Карди Би (27) наведува дека „бара основно физичко и законско старателство“ над нивната ќерка. Покрај тоа таа бара и алиментација за детето, иако точната сума сè уште не се знае.

На почеток
error: