Супермоделката Кендал Џенер глуми во новата рекламна кампања на „Гучи Валигерија“, заедно со нејзиниот партнер, раперот Бед Бани.
На фотографиите на Ентони Секлави, двојката е на аеродром. Главната замисла на фотосесијата како приказна е да се истражи блискоста и интимноста на патувањето заедно со момчето или девојката, особено „треската“ од 90-тите. Американската „џет-сет“ двојка, инаку, ја претстави линијата спортски чанти, ранци, куфери и колички на „Гучи Савој“.
Инаку, навестувањата за врската на Кендал и Бед Бани се појавија во февруари оваа година. Потоа љубовната двојка редовно се појавуваше заедно на забави и јавни средби.
Самите ѕвезди официјално не ја потврдија својата врска, па многумина се сомневаат дека се работи за лажна тн. „Пи-ар романса“, па и дека новата професионална соработка е дел од сѐ тоа.