Медиасет.мк

#ТРЕНД

Кети Пери избегала од хотелот во Австралија во кој престојувале Том Хенкс и неговата сопруга

Бремената пејачка, Кети Пери (35), заминала од Австралија бидејќи престојувала во истиот хотел во кој биле Том Хенкс (63) и неговата сопруга Рита Вилсон (63), кои се заразени со коронавирус.

Кети Пери ја скратила својата турнеја во Австралија кога избувна паника поради коронавирусот.

Пејачката е видена како излегува од својот автомобил и се движи кон аеродромот во Сиднеј на 12 март. Таа носела темносива тренирка и сив дуксер. На рацете имала ракавици, а на главата качулка и слушалки. Таа ставила перница на устата, црни очила на очите и едноставни, удобни патики на нозете.

Со оглед на тоа што неодамна откри дека е бремена од Орландо Блум, 35-годишната пејачка веројатно се обидувала да се заштити од вирусот што го преплави светот.

Кети беше 24 часа заробена во хотелот „Хајат парк“ во Сиднеј. Тоа е истиот хотел во кој се престојувале Том Хенкс (63) и неговата сопруга, пејачката Рита Вилсон (63), кои моментно се во изолација.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: