Медиасет.мк

#ТРЕНД

Кија Коцкар за поранешниот маж: Се омажив за искомплексиран идиот

Победничката на шоуто „Задруга“ и пејачка Кија Коцкар беше гостинка во емисијата „Магазин ин“, каде што зборуваше и за неверството на поранешниот маж, пејачот Слоба Радовановиќ. Таа раскажа како се чувствувала кога дознала дека Слоба ја изневерува со Луна Џогани, што беше причината за нивниот развод.

„Не ми беше тешко да се разведам од него. Јас имам своја империја и не ми требаше ништо од неговиот имот. Тој тогаш ми должеше пари, а и сè уште ми должи некои работи. Што да кажам, самата сум виновна, се омажив за искомплексиран идиот“, рекла Кија во шоуто.

Таа во емисијата неколку пати го навредила поранешниот маж, а го опишала како „тежок маченик“ и „човек со слаб карактер“.

„Сега веќе не гледам на ова како на брак, туку како на лоша врска. Од сето тоа добив само скршено скрце, ништо друго не ме интересира. Тој често имал љубовници, секогаш изневерува, не е маж за ниедна жена. Мислам дека изневерува за да се докаже и да си ги излечи комплексите“, рекла таа.

На почеток
error: