Медиасет.мк

#ТРЕНД

Киану Ривс е под истрага за корона забава: Лажел дека снима сцена за филм

Германските здравствени власти започнуваат истрага против студиото што го снима најновото, четврто продолжение на легендарната акциона серија на СФ Матрикс за „корона забава“ во која, наводно, е вмешан и главниот актер Кијану Ривс.

Забавата се одржа во Бранденбург и покрај ограничувачките мерки и беше организирана со цел да се одбележи крајот на снимањето, пренесува Гардијан.

На настанот присуствуваа околу 200 луѓе, а според германските таблоиди тие се „маскирале“ во филмска екипа за да можат непречено да се забавуваат.

Забавата се одржа во Бранденбург, во областа на филмското студио Бабелсберг. Дозволено е да се соберат најмногу педесет лица во Берлин и Бранденбург. Мора да се следат строгите правила – собирите мора да бидат објавени однапред, гостите мора да се држат на дистанца и да не ги симнуваат маските освен кога јадат или пијат. Но, се чини дека ова не беше случај со корона забавата Матрикс.

– Атмосферата беше многу весела, сите претходно беа тестирани за коронавирус, но требаше да дојдат со маска, но многу луѓе воопшто не ја носеа. Немаше упатства, а факт е дека не стануваше збор за снимање, туку за забава, никој не снимаше ништо – рече еден гостин на забавата.

Забавата, која започна во средата по 18 часот, беше организирана од продуцентите Лана и Лили Вачовски, пренесува Гардијан. Гостите се забавуваа на различен начин: пристигнаа танчери, диџеи, огномет, а можеа да направат и тетоважа со симболи од филмот. Уживаа во суши, саке, пица, колбаси и веганска чоколадна торта. Ривс и неговата партнерка Александра Грант пиеле вино, но ја напуштиле забавата релативно рано.

Портпаролката на студиото Бјанка Маркаревич изјави дека не станува збор за забава, туку за „сцена на славење“ и се почитуваат сите хигиенски правила. Таа додаде дека продуцентскиот тим бил претпазлив во однос на сцената. Портпаролот на Потсдам, сепак, рече дека не е објавен настан пред властите, кои треба да одобрат вакви собири.

Новиот Матрикс треба да биде објавен кон крајот на следната година, па потоа ќе видиме дали сцената на „прославата“ навистина е снимена или филмската екипа само (неодговорно) се забавуваше за време на пандемијата.

На почеток
error: