На 58-годишна возраст во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили. Веста за неговата смрт одекна меѓу колегите, пријателите и љубителите на театарот и филмот.Поп Христов од 2014 година живееше во Еквадор, заедно со сопругата Гордана Деан Поп Христова, а таму живее и нивната ќерка Јоана со семејството.Ни отиде Кили… Имаше инфаркт, навечер во сон, вели Гордана за Викимедиа.Околу тоа каде ќе биде погребан нејзиниот сопруг, таа ни изјави дека Кили ќе почива во Мангларалто, покрај океанот.Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Актерската кариера ја започна по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломираше актерска игра во 1989 година.Од 1993 до 2014 година беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, каде што остави значаен траг со бројни улоги на сцената.Публиката ќе го памети и по неговите филмски улоги во „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“.
