Медиасет.мк

#ТРЕНД

Ким Кардашијан ја искритикуваа за „скромната“ роденденска забава на приватен остров

Ким Кардашијан Вест се соочува со критики на социјалните мрежи откако се пофали со раскошниот тропски одмор со семејството и пријателите на својот роденден во време на пандемија.

Таа го прослави својот 40-ти роденден на приватен остров со голема група на семејство и пријатели.

А неколку дена потоа, реалити sвездата наиде на остри критики, па дури и исмевање, за организирање раскошна забава без социјално дистанцирање или маски среде пандемија на Ковид-19.

Таа тврди дека патувањето го организирала „по низа здравствени прегледи кои траеле две недели и дека побарала од сите поканети да бидат во карантин пред да дојдат“.

Објавувајќи фотографии од забавата на Твитер, Кардашијан Вест вели „понизно се потсетувам на тоа колку е мојот живот привилегиран“.

Во обид да се оправда за непочитувањето на препораките, Кардашијан Вест напиша серија твитови. „Пред Ковид, мислам дека никој од нас навистина не ценеше каков обичен луксуз беше да се патува и да се биде заедно со семејството ипријателите во безбедно опкружување.“

„Откако поминав две недели на здравствени прегледи и побарав од сите да се стават во карантин, го изненадив мојот најблизок круг луѓе со патување на приватен остров каде што можеше да се преправаме дека работите се нормални барем на картко.“

„Танцувавме, возевме велосипеди, пливавме покрај китовите, возевме кајак, гледавме филм на плажа и многу повеќе,“ напиша таа во серија твитови.

Коронавирусот уби повеќе од 1,1 милиони луѓе и предизвика економски пустош ширум светот. Во САД, рекорден број луѓе побараа надоместоци за невработеност оваа година како резултат на загуба на работното место поради пандемијата, коментираат весниците.

На почеток
error: