Медиасет.мк

#ТРЕНД

Клое Кардашијан имала Ковид-19

Клое Кардашијан била позитивна на Ковид-19 пред неколку месеци. Во новиот трејлер за следната епизода на „Дружење со семејството Кардашијан“, 36-годишната дизајнерка на „Гуд Американ“ споделува дека била тешко болна од коронавирусот.

Мајката на двегодишниот Тру Томпсон вели дека нејзините симптоми вклучувале повраќање и главоболки.

Се чини дека се разболела на почетокот на март откако била на патување со нејзината најдобра пријателка Малика Хак во казино во близина на Палм Спрингс, Калифорнија. Наместо со сопругот, Малика се упатила со Клое на таканареченото бејбимун патување или последен одмор пред раѓањето на бебето кое го очекува.

Потоа била во карантин со ќерката Тру и момчето Тристан Томпсон во Лос Анџелес. Засега не е познато дали и тие биле позитивни.

„Само што дознав дека имам корона, бев во мојата соба … беше навистина лошо неколку дена, повраќање и тресење, и топло и ладно“, вели Клое од својот кревет.

„Страдам од мигрена, но ова беше најлудата главоболка, не би рекла дека е мигрена“, додава таа.

„А кашлањето беше ужасно, градите ми гореа кога кашлав. Грлото сè уште не ми е целосно заздравено, дозволете ми да ви кажам дека ова ср**е реално, но сите ќе го пребродиме“, вели Клое.

На почеток
error: