Медиасет.мк

Медиасет

Кое седиште во авион е најудобно? Стјуардеса открива трик

Патниците често сакаат удобно патување, но на летови со нискобуџетни авиокомпании тоа може да изгледа како невозможна мисија. Сепак, аргентинската стјуардеса Барби Бак сподели совети како да се избере што подобро седиште во авион.Таа наведува дека авиокомпаниите, доколку не доплатите за избор на седиште, најчесто доделуваат помалку пожелни места, како средни седишта, последни редови или седишта без прозорец.Меѓутоа, како што вели, постои начин тоа да се избегне.„Бев на лет од четири и пол часа и доплатив само 11 евра за да патувам како кралица, на седиште каде што од едната страна немам никого“, изјави стјуардесата.Според неа, таа избрала седиште во 27. ред на десната страна, каде што има само две седишта наместо вообичаените три, што овозможува повеќе простор и удобност. Таа исто така истакна кои седишта треба да се избегнуваат.„Последниот ред без сомнение е најлош. Таму најмногу се чувствуваат турбуленции“, наведе таа.Средното седиште го нарече „седиште на очај“, бидејќи патникот нема личен простор и е „заробен помеѓу две непознати лица“.Седиштето до ходникот исто така може да биде непријатно за спиење, бидејќи патниците често ги вознемируваат луѓе што поминуваат и колички со храна и пијалаци.Од друга страна, седиштата во излезниот ред нудат повеќе простор за нозете, но и обврска во случај на вонредни ситуации, а често се и постудени поради близината до вратите.Првиот ред, веднаш зад преградниот ѕид, исто така има повеќе простор за нозете, но нема место за рачен багаж, кој мора да се стави во преградата над седиштето.

На почеток
error: