Американскиот претседател Доналд Трамп заедно со првата дама Меланија се најдоа во центарот на вниманието во Белата куќа за време на пречекот на „Ноќта на вештерките“ или „Вечерта на сите Светци“.
За време на настанот, во публиката се појави минијатурна верзија на првиот пар на САД.
Мало момче и девојче, облечени како Доналд и Меланија многу слични на нив, се фотографираа со американскиот претседател и неговата сопруга.
„Правилата за социјално растојание беа запазени на годишниот прием за Ноќта на вештерките“, соопштија од Белата куќа.
Празникот се прославува на 31 октомври. Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западноевропскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, додека други сметаат дека тој произлегол од Саун и има христијански корени.