Медиасет.мк

#КОРОНАВИРУС

Короната останува на кожата девет часа, а алкохолот ја уништува за 15 секунди

Новата студија за коронаворусот направена во Британија покажала дека вирусот САРС-КоВ-2 може да остане на човечката кожа околу 9 часа, но и да се уништи целосно за 15 секунди со употреба на 80 % раствор на етанол.

Студијата објавена на почетокот на октомври на Клиниката за инфективни болести на Оксфорд имаше цел да истражи колку време САРС-КоВ-2 останува на кожата. Иако постојат истражувања за тоа колку долго останува на разни подлоги, како метал и картон и мазни површини, нема точни индикации за тоа колку долго овој вирус останува на нашата кожа.

Во оваа студија на јапонски научници од универзитетот во Кјото се покажа дека во просек вирусот преживува на кожата околу 9 часа, најкратко околу 7,96, а најдолго околу 10,2 часа, што е нешто подолго отколку што останува на кожата вирусот од групата А – околу два часа.

Сепак, двата вируса може ефикасно да се уништат со средства за дезинфекција на рацете врз основа на алкохол. Во оваа работа научниците користеле 80 % етанол, едно од вообичаените средства за дезинфекција. Докажано е дека овој агенс го уништува вирусот за 15 секунди. За дезинфекција се користат средства што содржат повеќе од 70 % алкохол, а ова се едни од најчестите средства за дезинфекција што сме имале можност да ги користиме во периодот од прогласувањето на пандемијата.

Со кивање и кашлање вирусот лесно се пренесува на кожата, особено на рацете, од каде што, ако некој го допре лицето, може да влезе во респираторниот систем преку очите и носот.

Овој труд ги покажува важноста на основните хигиенски мерки и ефективноста на широкодостапните средства за дезинфекција на рацете, базирани на алкохол. Тоа исто така значи дека овие производи може ефикасно да се користат за дезинфекција на помали области, како што се чевлите.

На почеток
error: