Медиасет.мк

#ТРЕНД

Кралицата одобри забрана Меган Маркл да позајмува кралски накит


Принцот Чарлс очигледно сè уште му е лут на својот син принцот Хари поради интервјуто за Опра, коментираат медиумите, додавајќи дека односите помеѓу нив двајца се доста заладени.

Кралски инсајдер тврди дека војводата од Сасекс не ја напушти Велика Британија во добри односи со неговиот татко по погребот на принцот Филип.

Кралската дописничка Кристина Гарибалди тврди дека ништо не е променето во однос на раздорот помеѓу војводата од Сасекс и неговиот татко, пренесува весникот „Сан“.

Хари се врати во Велика Британија за прв пат по повеќе од една година на погребот на својот дедо Филип минатиот месец.

Војводата од Сасекс помина малку време со татко му и брат му, и постигнат е мал незначителен мал напредок, но односите остануваат на тенок мраз.

„Тие едвај комуницираа,“ тврди инсајдерот.

„Чарлс сè уште збеснува кога ќе се сети дека Хари фрли сенка врз него и кралското семејство во интервјуто и не сака да помине преку тоа.“



На почеток
error: