Афродизијаците делуваат на два начина… Некои намирници создаваат сексуална желба дејствувајќи врз умот, а други – со испраќање импулси на одредени делови од телото.
На пример, Старите Хелени и Римјаните верувале дека може да го зголемат своето либидо и желбата за секс со џвакање семе од анасон. Анасонот се користи и како поттикнувач на естроген, којшто го зголемува лачењето млеко, ги намалува болките при менструацијата, но и го олеснува породувањето. Натаму – тоа ги намалува симптомите и на машкиот климакс…
Бананите, од друга страна, се богати со калиум и витамин Б, што исто така е потребно за лачење полови хормони.
Реакцијата на телото при јадење чили пак, е потење, зголемено отчукување на срцето и поинтензивна циркулација, слична на реакцијата при секс. Затоа, чилито се смета како идеален стимулант. Се верува дека и босилекот и морковите го стимулираат сексуалниот нагон и ја подобруваат плодноста.
За мирисот на краставица се вели дека ја зголемува циркулацијата и го зголемува либидото кај жените. Смоквите се уште едно овошје коешто ги потврдува својствата на афродизијак, судејќи не само според нивниот изглед.
Според стручните лица, и лукот има благо стимулирачки ефект, и тоа токму поради неговиот мирис, но и ефектот врз крвотокот.
Медот е богат со витамин Б, којшто е потребен за лачење тестостерон кај мажите. Папајата пак, како и анасонот и оревите, има состојки коишто влијаат на женскиот хормон естроген и го зголемуваат либидото кај жените.
Интересно, истражувањата покажаа и дека лубеницата делува слично на Вијаграта. Тоа е зашто содржи цитрулин што го чисти телото, содржи оксиди, ги релаксира крвните садови, слично како Вијаграта.
Симболот на плодност – бадемот, како што велат некои, само со мирисот може да ја стимулира сексуалната желба кај жените. Затоа тие се користат најчесто во облик на миризливо масло за масажа или во бањата.