Фудбалерот, Кристијано Роналдо, се вклучи во хуманата акција за лекување на едногодишната Софија Маркуљевиќ од Белград. Таа боледува од ретка болест на спинална мускулна атрофија.
На Софија за лекување во САД ѝ се потребни 2,1 милиони долари и семејството има 10 месеци да ги собере средствата.
Португалскиот фудбалер го донираше дресот што го носеше на мечот на Јувентус против Милан. Дресот е ставен на аукција и целиот приход ќе оди во фондот за помош.
