Марија Изабел Бенитез Чамба од Еквадор починала на 95 години минатиот месец. Семејството и пријателите присуствувале на погребот, а нејзиното куче Бумер одбивало да ја напушти погребната церемонија.
За време на погребот, тоа седнало крај ковчегот и сакало да остане со сопственичката, исто како додека била жива.
– Верноста што постоеше меѓу Марија и нејзиното куче можеше да се види, изјави претставникот на погребалната компанија за тамошните медиуми.
Бумер бил присутен и во поворката која го придружувала ковчегот до гробиштата.
– Тој скокна кај телото, како да велеше „Сакам да се збогувам со мајка ми”. Извонреден пример за верност!, рече претставникот.
На Бумер очигледно му било скршено срцето, а големата љубов кон Марија била видлива за сите.