Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Лангош со лук и сирење – традиционален вкус од Унгарија што се топи во уста

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-library5dr5kk14afi25MaY72i
фото: unsplash

Лангош е еден од најпознатите унгарски специјалитети. Златно пржено тесто, крцкаво однадвор, а меко одвнатре, најчесто се служи со лук, кисела павлака и сирење.

Ако сакате да ја подготвите класичната верзија на ова популарно јадење, следете го едноставниот рецепт подолу.

Состојки:

500 грама брашно
25 грама свеж квасец или 7 грама сув квасец
една лажичка шеќер
една лажичка сол
300 милилитри млака вода
100 милилитри млеко
масло

Подготовка:

Во млако млеко додадете шеќер и квасец, па оставете десетина минути да се активира. Во поголем сад измешајте брашно и сол, потоа додадете вода, масло и подготвениот квасец.

Замесете тесто, покријте го со кујнска крпа и оставете го да нарасне на топло место околу еден час, односно додека не го удвои волуменот.

Тестото префрлете го на набрашнета работна површина и поделете го на осум до десет еднакви делови.

Секој дел со раце развлечете го во тенок круг, при што рабовите можат да останат малку подебели.

Во длабока тава загрејте доволно масло за пржење.

Пржете ги лангошите еден по еден неколку минути од секоја страна, додека не добијат златно-кафеава боја.

Извадете ги на хартија за да се отстрани вишокот маснотија.

Послужете ги веднаш со кисела павлака, рендано сирење и лук, а по желба можете да додадете и сувомеснати производи како кулен, сушено месо или суџук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpfflunfclr99l7Qxno

Два едноставни трика ќе ѝ го вратат волуменот на перјаната јакна по перењето

Вирално | пред 3 дена

media-librarypatd8f5vmmv6eZtSAC6

Четири намирници имаат повеќе протеини од јајцата, а се добри и за срцето

Вирално | пред 4 дена

horoskop1

За три хороскопски знаци од утре започнува период на голем успех

Вирално | пред 4 дена

media-library43qqcuvmq7345p1dy6I

Мајкрософт го реши големиот дефект по повеќе од 24 часа: Еве што го предизвика прекинот

Технологија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања